Андре Ситроен во 1922 година го создаде првиот автомобил за дами

Во раните 1920-ти години светот уште не знаеше за родител 1 и 2, работите уште беа многу логични. Генијалниот конструктор Ситроен тогаш му го дари на светот првиот автомобил конструиран и проектиран точно за дамите.

Пред безмалку 100 години, кога производителите на автомобили уште не помислуваа да направат нешто посебно за своите женски клиенти, основачот на марката Citroën пак се докажа како визионер и човек пред своето време. Андре Ситроен конструираше автомобил посебно наменет за жените. Европа беше одушевена од автомобилот, тој постигна одличен пазарен успех.

На салонот во Париз во 1922 година, Citroën го претстави својот „petit citron“. Моделот со ознака 5CV беше прв автомобил проектиран посебно за дамите, осмислен лично од основачот на марката, од Андре Ситроен, визионер и ретко надминат иноватор.

Автомобилите во тоа време не располагаа со сервоуправување или со сервозасилувач за сопирачките. Возилата беа тешки, а возачите имаа дополнителни обврски и мораа рачно да го нагодат палењето, смешата од гориво, па дури и притисокот во резервоарот за гориво, за да се обезбеди правилен доток на гориво до карбураторот. Дамите беа запоставени како возачки, затоа што целото тоа опслужување на техниката меѓу другото бараше и голем физички напор. Возачите во тоа време беа мажи и беа професионални шофери.

https://photos.app.goo.gl/vvaK7GELNuoQRNAf9

Андре Ситроен секогаш размислуваше чекор понапред. Додека останатите производители конструираа скапи автомобили што можеа да ги користат само мажи, тој ѝ се посвети на публиката што дотогаш беше запоставена. Францускиот конструктор, роден во Париз во брак меѓу Полјачка и белгиски Евреј што работел како јувелир, создаваше штедливи и достапни автомобили за помладите купувачи и за жени што дотогаш не ни помислуваа да поседуваат сопствен автомобил.

https://photos.app.goo.gl/GQu7P1r5Uq6nnPvQ8

Целата рекламна кампања за новиот Citroën 5CV ставаше повеќе нагласок на дамите, отколку на самото возило. Овој специјален модел беше посебно конструиран за дамите да можат лесно да го управуваат и да се охрабрат да поседуваат автомобил.

https://photos.app.goo.gl/qgZme4DQampDQdVv8

Citroën 5CV е првиот големосериски автомобил во Европа. Моделот се нудеше во мошне впечатливи бои. Речиси целата воведна серија беше лакирана во дречлива жолта боја, со браници во црна боја. Поради бојата, големината и формата на опашот, народот му го додели прекарот „Petit Citron“, односно „лимонче“, воедно асоцирајќи и на марката.

https://photos.app.goo.gl/yiVsUc5EhjK9fYjp9

Тоа беше мошне лесен автомобил со мал 4-цилиндарски мотор, со моќност од само 5 КС, на што укажуваше и моделската ознака. Тој беше лесен за одржување, а поради ниската тежина и тесните гуми, маневрирањето со воланот беше многу полесно. Исто и при сопирањето не мораше да се користи сета сила. Дамите го обожуваа „лимончето“, 5CV стана своевидна социјална револуција во тоа време.

https://photos.app.goo.gl/a9CQb5EQ1bM9NqeF6

>>> Тест: Citroen C3 Aircross PureTech 110 Shine

Претходна објаваKia Carnival доби врвни оцени за безбедност во САД
Следна објаваПочна салонот за возила за кампување во Диселдорф

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here