Електро-болидот на Audi за Рели Дакар е на тешки тестови

Тимот на Audi Sport заврши уште една серија тешки тестирања во подготовките за Рели Дакар во јануари 2022 година. Новиот Audi RS Q e-tron беше на осумдневно тестирање по беспаќа во Шпанија, во услови што не се разликуваат многу од маратонското рели.

Електричниот болид на Audi првпат се појави пред јавноста на 30-ти јуни на настан во германскиот град Нојбург на Дунав. Во средината на јули следеше и огненото крштевање, со тестирањето во регионот на Магдебург, каде што беа стекнати првите искуства со возилото во потешки теренски услови. Пред неколку денови заврши уште една серија тестирања на Audi RS Q e-tron, на теренска патека во Сарагоса, во Шпанија. Таму веќе се возеше во услови на подлога што се слични на условите на Рели Дакар.

Во Арагонија тестираа трите возачки тимови на Audi Sport. Кршталното возење му припадна на рекордерот на Дакар, Стефан Петерхансел, заедно со совозачот Едуар Буланжер, кои возеа во минатиот петок и сабота. Потоа презедоа Матијас Екстром и Емил Берквист, кои по дводневно тестирање го предадоа возилото на следниот тим, на Карлос Саинц и Лукас Круз, кои беа зад воланот на Audi RS Q во периодот од средата до петокот.

https://photos.app.goo.gl/NTS2hsZCrBR3Bh1C9

На макадамските делници во должина до дваесетина километри, Audi RS Q e-tron постигна крајна брзина од 180 km/h. Температурите до 34 степени во сенка беа вистинска проба за концептот на ладење на возилото со мошне комплицирана техника.

Целта на тестирањето беше да се вози што е можно повеќе и да се откријат слабостите. Во септември следи тестирање на коешто првпат ќе се вози по дини.

Audi RS Q e-tron поседува чисто електричен погон, со два погонски модули што се преземени од Формула Е. Високонапонската батерија што е развиена од Audi Sport ќе се полни во текот на возењето со помош на генератор, којшто се состои од TFSI-мотор користен во германското првенство со туристички возила и од уште еден електричен погонски модул.

https://photos.app.goo.gl/iDztHKKqYh2FR9bPA

Audi прв ќе вози на струја на Рели Дакар

Претходна објаваVolkswagen го најавува ID.5 GTX како премиера за IAA во Минхен
Следна објаваПоради кризата: Автомобили излегуваат од фабрика со лажни чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here