Bosch сака да им вградува CVT-менувач на електричните

Добавувачот на автомобилската индустрија и технолошки иноватор Bosch цени дека електричните возила треба да поседуваат менувач со постојано променлив преносен однос, менувач CVT каков што е стандард, на пример кај хибридите на Toyota. Така ќе се постигнува подолг досег, но и перформансите ќе се подобрат.

Електричните автомобили се продаваат шампионски. Некои ситуации во возењето сепак претставуваат тежок предизвик за електричниот погон. Таков пример е влечењето приколка. На стрмни нагорнини со тежок товар или на подолги етапи по автопат со висока брзина, батеријата се празни многу брзо. Менувач со повеќе степени на пренос, место едностепениот преносник што е вообичаен кај речиси сите електрични автомобили, може да помогне во надминувањето на тој проблем.

Bosch веќе изврши обемни тестирања, кои покажаа дека безстепен менувач, односно менувач со постојанопроменлив преносен однос – CVT, помага ефикасноста да се зголеми за околу четири проценти. Менувачот што водечкиот добавувач го води под името CVT4EV се грижи за повисок вртежен момент при влечење приколка, но и за подобро забрзување и за повисока крајна брзина.

Менувачот CVT не го менува високиот возен комфор што е својствен за електричните автомобили, затоа што менувачот го приспособува преносниот однос постојано, без да се прекинува влечната сила.

При ниска брзина, со воспоставување на повисок преносен однос се подобрува забрзувањето, а воедно се подобруваат и возните својства на нагорнина, додека при повисока брзина се воспоставува понизок преносен однос, за повисока крајна брзина и намалена потрошувачка. Покрај тоа, може да се постивне и повисок вртежен момент при влечење приколка или при возење по терен. Ефикасноста на CVT4EV се покажува најдобро при возење со постојана брзина.

На овој начин се овозможува и електромоторот да биде помал. Покрај тоа, бидејќи софтверот го приспособува погонот според различните услови на примена на возилото, може да се намали и бројот на варијанти на хардверот. Тоа ги смалува трошоците и во развојот и во производството.

Засега уште нема конкретни најави околу заинтересираноста на производителите на автомобили да го вградуваат „електричниот“ менувач на Bosch.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Претходна објаваToyota започнува со продажба на новиот Land Cruiser во Јапонија
Следна објаваDHL нарачува електрични товарни авиони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here