Рекордни шест месеци за Audi, со близу еден милион испорачани возила. Соодветно се спектакуларни и останатите показатели: Промет 29,2 милијарди евра, оперативна рентабилност 10,7 проценти. Нето приливот на готовина од 5,5 милијарди евра укажува на масивната финансиска моќ на концернот Audi.
Од јануари до јуни им се испорачани 981.681 автомобили со четири прстени на клиентките и клиентите на Audi. Тоа е 38,8 проценти повеќе од резултатот во истиот период лани. Историски рекорд е постигнат и со испораката во вториот квартал, со вкупно 518.853 возила од април до јуни.
Најголем пазар за Audi останува Кина, каде што во првите шест месеци од годината се испорачани 418.749 возила (+38,4 проценти) – секако дека и тоа е рекорд. Уште повеќе напредувал пазарот во САД, со вкупно 121.835 возила или +59,9 проценти во споредба со истиот период лани. Европа следи со раст од 32,7 проценти и 351.588 испорачлани возила.
Целосно електричните и приклучно хибридните модели на Audi ја зголемиле продажбата за повеќе од двојно во првото полугодие. Испорачани се близу 80.000 возила Audi со приклучок за полнење. За споредба, лани во истиот период биле испорачани 36.000 возила од овој вид. Расте и продажбата на СУВ-моделите од врвот на понудата на марката.
Четири нови електрични модели се пристигнати во меѓувреме: e-tron GT quattro, RS e-tron GT, Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron. Audi годинава има претставено повеќе нови модели на струја, отколку нови модели со обичен погон. До 2025 година, Audi ќе нуди повеќе од 20 најразлични модели со погон чисто на струја.
















