Audi со три концептни автомобили најавува револуција во дизајнот

Audi во следните месеци ќе го покаже дизајнот на идните модели од вишата класа преку три иновативни концептни автомобили. Сите три возила ќе содржат „sphere во името, што ќе укажува дека главното тежиште е ставено на новиот концепт на ентериерот и на целосно дигиталниот свет во возилата.

Првиот концептен автомобил во новата sphere-серија ќе биде прикажан веќе во август. Audi skysphere concept ќе има премиера на Автомобилската недела во Монтереј, традиционален настан во Калифорнија, САД. Неколку недели подоцна ќе следи вториот концептен автомобил Audi grandsphere, кој својата премиера ќе ја доживее на салонот ИАА 2021 во Минхен. Триото ќе го заокружи Audi urbansphere concept, во првата половина од 2022 година.

Овие концептни возила претставуваат отелотворување на стратегијата на нашата марка. Тие покажуваат како ние ја замислуваме блиската иднина на премиум автомобилите“, најави Хенрик Вендерс, директор за марката Audi. Иднината за него претставува простор за креирање, којшто има цел на луѓето да им понуди нови доживувања при возењето. Новиот дизајн на кабината, што ги опкружува патниците, Audi го нарекува Sphere, односно сфера.

Со напредувањето на електромобилноста, а за неколку години и со автоматизираното возење (Ниво 4), ова подрачје на автомобилите ќе се менува поинтензивно од кога било во досегашните децении. Кабината ќе прерасне во јадро за креирање на новите возила. На тоа ќе се надоврзува дигитален екосистем, што ќе овозможува точно скроени услуги и надвор од возилата.

Новиот Audi Q5 Sportback во салонот на Порше: Спортски, практичен и елегантен

 

Претходна објаваСамо електрични камиони од фабриката на Mercedes во Верт
Следна објаваБаварците сакаат Audi и BMW, во Штутгарт се вози Mercedes, во Волфсбург VW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here