Бродови на Volkswagen пловат еколошки со погон на течен метан

Volkswagen е прв автомобилски концерн што своите нови возила на прекуокеанските достави ги превезува со бродови што користат втечнет метан како погонско гориво.

Откако Volkswagen во минатата година вклучи два брода со погон на втечнет метан во својата флота, концернот реши да ангажира уште четири чартер-бродови со мотори што можат да користат еколошки втечнет метан. Четирите бродови ќе почнат да пловат за концернот од крајот на 2023 година, на релација од Емден до Вера Круз, Мексико. На повраток, оттаму ќе се превезуваат автомобили за европскиот пазар. Тоа значи дека од девет бродови од прекуатланската флота на концернот, шест ќе пловат со ниска емисија на штетни материи.

Со користењето течен метан се намалува емисијата на СО2 за околу 25 проценти. Тоа е уште една во низата мерки со коишто Volkswagen планира до 2050 година да стане СО2-неутрален концерн. Германскиот производител на автомобили меѓу првите во браншата ја прифати Париската климатска конвенција, за глобалното затоплување да не надмине два степени Целзиусови до 2050 година.

Голем дел од железничкиот транспорт за Volkswagen веќе се врши комплетно со зелена струја, на територијата на Германија, но и пошироко во Европа. Во крајбрежниот бродски транспорт исто така се користат два брода што користат биогориво произведено од растителен отпад. На тој начин се намалуива емисијата на СО2 за 85 проценти.

Kонцернот Volkswagen годишно организира околу 7.700 бродски транспорти во светски рамки, за превоз на 2,8 милиони возила

Бродовите што ќе се користат за Атлантикот се во сопственост на Wallenius Marine и на SFL Corporation. За изработката на бродовите ќе бидат ангажирани кинески бродоградилишта. Капацитетот на бродовите изнесува меѓу 4.400 и 4.700 возила. Моторите се MAN, со моќност од 13.300 kW, односно 18.088 коњски сили. Во штедлив режим, тие пловат со брзина од 15 до 16 чворови, односно 28 до 30 km/h.

Претходна објаваOpel доби нов шеф, доаѓа од Renault
Следна објаваПортугалски автобуси на водород и на струја ќе носат знак на Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here