Opel доби нов шеф, доаѓа од Renault

Opel добива нов шеф во моментот кога во германската марка со богата традиција е во полн ек освојувањето на светскиот пазар, меѓу другото и Кина, а се постигнуваат и големи чекори во делот на електромобилноста. Досегашниот шеф Михаел Лошелер реши да замине од концернот Stellantis и да се впушти во нови предизвици.

Уве Хохгешурц ќе пристапи во тимот од топ-менаџери и директно ќе одговара пред извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес. Роден во германскиот град Келн, тој ја започнува својата кариера во автомобилската индустрија во 1990 година во Ford, кој има и фабрика во градот. Во 2001 година, Хохгешурц преоѓа во Volkswagen, а три години подоцна во Renault. Тој студира бизнис администрација во Германија (Вупертал и Келн), Велика Британија (Бирмингем) и Франција (Универзитет Дофин во Париз).

Карлос Таварес: „Срдечно му благодарам на Михаел Лошелер за тоа што заедно со вработените во Opel создаде силна и одржлива основа за компаниојата. Оваа впечатлива пресвртница го создава патот за светска експанзија на марката. Уведен сум дека Уве Хохгешурц, благодарение на своето повеќе од 30-годишно искуство во автомобилската индустрија, успешно ќе го испише новото поглавје на марката Opel. Му посакувам се’ најдобро на Михаел Лошелер за следниот чекор во неговата кариера.“

Претходна објаваЕлектричното Mini веќе се продаде во 30.000 примероци
Следна објаваБродови на Volkswagen пловат еколошки со погон на течен метан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here