Австрија ќе казнува со 5.000 евра за пребрзо возење

Во најтешкиот случај, на возачите што сериозно ја пречекоруваат дозволената брзина им следи казна во висина до 5.000 евра. На тоа следи и одземање на возачката дозвола на подолго време.

Австрија драстично ги зголемува казните за пребрзо возење. Националниот совет во Виена гласаше за соодветниот законски пакет на Владата.

Доколку брзината се надмине за 30 километри на час, казната во иднина ќе изнесува 150 место 70 евра. Висината на казната понатаму се зголемува прогресивно со брзината, но таа може да достигне најмногу 5.000 евра.

При повторен прекршок, возачката дозвола ќе се одзема во времетраење од три месеци или подолго. Учеството во уличните трки се води како посебна негрижа во смисла на сообраќајната безбедност и соодветно се санкционира.

Министерката за сообраќај Леоноре Гевеслер во минатиот месец го претстави „пакетот за тркачи“. Австрија има сериозен проблем со екстремните тркачи, цени министерката: „Тоа се неколку непоправливи прекршители што со своето однесување ги загрозуваат човечките животи. Со 110 во зона 30, со 250 на автопат, автомобилот се претвора во оружје“.

Претходна објаваTesla Model Y од летово во Европа, доаѓа од Кина
Следна објаваОдборот на VW го продолжи договорот на Дис за уште две години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here