Tesla Model Y од летово во Европа, доаѓа од Кина

Тој долго време беше еден од најбараните модели, но во меѓувреме се претвори во салонски инвентар: Тесла Модел Ипсилон.

Остануваат уште неколку недели додека првите примероци од СУВ-автомобилот на струја Tesla Model Y почнат да возат по европските патишта.

Прв ќе биде услужен германскиот пазар, каде што СУВ-изведбата на Model 3 ќе почне да им се предава на сопствениците веќе во следниот месец. Во септември следat Холандија и уште неколку поголеми пазари на континентот.

Tesla Model Y за европскиот пазар во почетокот ќе пристига од Шангај. Калифорнискиот електро специјалист првично планираше производството на Model Y во фабриката во Гринхајде, близу Берлин, да стартува во јули. Меѓутоа, германската гигафабрика доцни и според покраинските власти на Бранденбург, нејзиниот старт може да се очекува кон крајот на годината.

Електричниот СУВ од средната класа е малку поголема верзија на Model 3, прв модел на Tesla што е наменет за поширокиот пазар. Во вториот квартал, компанијата испорача 199.000 примероци од Model 3 и Model Y на светскиот пазар. Во истиот период, од пионерските и престижни Model S и Model X се испорачани близу 2.000 примероци.

Претходна објаваШефот на Volkswagen останува на позиција до 2025 година
Следна објаваАвстрија ќе казнува со 5.000 евра за пребрзо возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here