за

Шефот на Volkswagen останува на позиција до 2025 година

Надзорниот одбор на Volkswagen денес решава околу продолжувањето на договорот на извршниот директор Херберт Дис.

volkswagen херберт дис

Средбата на одборот, од кого што упатените очекуваат да одобри продолжување на договорот на Дис за две години до 2025, се случува само неколку денови пред големиот конгрес на Volkswagen, што е закажан за 13-ти јули. Веста ја објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на интерни лица во германскиот концерн.

Гласањето за продолжување на договорот се случува кусо откако долгогодишниот опонент на Дис, Бернд Остерло, го напушти местото на претседател на работничкиот совет и презеде менаџерска функција во Traton, камионски огранок на Volkswagen.

Тековниот договор на Дис истекува во април 2023 година, но тој кон крајот на минатата година побара предвремено продолжување, барајќи на тој начин да се поддржи неговата работа во трансформацијата на најголемиот производител на автомобили во Европа. На тоа силно се противеа лидерите на синдикатот, вклучувајќи го Остерло.

Секако дека постои неизвесност дали одборот ќе изгласа продолжување на договорот на Херберт Дис на денешниот состанок. Упатени лица укажуваат дека постојат бројни детали околу коишто треба да се решава.

Дополнителните две години служба за Дис ќе му дадат мандат на топ-менаџерот да ја реализира амбицијата за Volkswagen да стане водечки производител на електрични автомобили во светот и да го презеде лидерството во тој поглед од Tesla.

Пред преоѓањето во Volkswagen, Дис беше на висока менаџерска позиција во BMW и уште рано се залагаше за електромобилноста. Од преземањето на врвната извршна функција во Volkswagen во април 2018 година, Дис постигна многу во трансформацијата на концернот во производител на електрични возила и понудувач на нови услуги за мобилност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателката фон дер Лејен на гости во Rimac

Tesla Model Y од летово во Европа, доаѓа од Кина