Претседателката фон дер Лејен на гости во Rimac

Претседателката фон дер Лејен ја посети хрватската престолнина, со цел на земјата да ѝ го предаде позитивниот извештај од Комисијата за справувањето со кризата. Високата функционерка на ЕУ ја почести со посета и компанијата на Мате Римац.

Project 3 Mobility, сестринска компанија на Rimac Automobili, спаѓа меѓу предложените проекти што се дел од планот за справување со кризата и како таков ѝ беше претставен на Комисијата. Хрватска го избра проектот за развој на електрични возила и инфраструктура, оценувајќи дека тој е од национална стратешка важност за транспортниот сектор и има голем потенцијал за општеството и екомијата на земјата.

Kia исто така е дел од овој проект и поседува пакет акции во Rimac Automobili. Вкупната предвидена инвестиција во Project 3 Mobility изнесува 450 милиони евра и доаѓа од странски инвеститори, меѓу кои и Kia. Околу 200 миолиони евра ќе бидат покриени од фондови од ЕУ.

Хрватите моментно работат на роботизирано такси, во соработка со Kia, Microsoft и други компании од тој ранг. Во тек се преговори со властите во 20 градови во Европа и на Средниот Исток, кои ќе бидат први што ќе стартуваат со роботско такси. Секако дека најголема чест на целиот проект ќе биде Загреб прв да им го понуди напредниот превоз на иднината на своите жители и посетители. Како датум се спомнува 2024 година.

Електричните роботски такси возила и компонентите за нив ќе се произведуваат главно во Хрватска. Станува збор за десетици илјади возила секоја година, што ќе се извезуваат од земјата.

Претходна објаваToyota му прави голема реклама на електричното комбе во Германија
Следна објаваШефот на Volkswagen останува на позиција до 2025 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here