Од април до јуни во светот се продадени 581.201 автомобили со сребрената ѕвезда на Mercedes (+27,0%). Уште поимпресивен е бројот на приклучни хибриди и чисто електрични возила, со продажба зголемена за дури 305% и вкупно 121.500 испорачани возила.
Mercedes-Benz Cars во првото полугодие испорачал 1.182.724 автомобили (+25,1%). Поставени се два нови рекорди во Кина. Едниот за историски највисока продажба во втор квартал (219.059 возила, +5,8%), вториот за рекордна продажба во прво полугодие (441.579 возила, +27,6%). Двоцифрен пораст во вториот квартал е забележан во Германија (+26,3%) и во САД (+38,6%). Резултатите ќе биле уште подобри, доколку браншата не се соочуваше со недостиг од полупроводници на светско ниво. Тоа ќе се покаже во уште поголем обем во претстојните два квартали.
Продажбата на приклучни хибриди и чисто електрични автомобили е зголемен четирикратно (+305,0%) на вкупно 121.500 примероци. Нивниот удел во вкупната продажба изнесува 10,3 проценти. Чисто електрични се 39.000 возила (+291,4%).
Од новата генерација на Mercedes C-Class, што стартуваше со продажба на 30-ти март, досега веќе се добиени околу 50.000 нарачки
Во вториот квартал се испорачани околу 21.500 лимузини S-Class (+69,2%), односно вкупно 36.000 примероци (+43,1%) од почетокот на годинава. Голем раст во продажбата во првото полугодие забележиле E-Class (+11,8%), целата гама модели околу A-Class (+42,1%) и СУВ-моделите (+53,2%). Најпродаван модел во првото полугодие повторно е GLC, пред лимузинските изведби на C- и E-Class.
Од поатничките изведби на Sprinter, Vito, Tourer и Citan меѓу април и јуни се продадени 84.190 примероци (+37%), што е големо достигнување особено во услови на ограничено глобално снабдување со полупроводници. Во Европа расте интересот за електричните eVito и eSprinter. За в година е најавен стартот на новата генерација на T-Class, како наследник на Citan, од којашто ќе се нуди и чисто електрична верзија под ознаката EQT. Концептот со когошто беше најавен моделот, исто така имаше чисто електричен погон.
















