Кинескиот пазар забележа значителен пад во јуни

Најголемиот и за повеќето производители најважен автомобилски пазар во светот, Кина, забележа значителен пад во јуни. Продажбата на автомобили и товарни возила во споредба со истиот месец лани опаднала за 16,3 проценти, на вкупно 1,93 милион возила. Во споредба со мај, продажбата исто така била пониска за 9,5 проценти.

Во вториот квартал лани, а посебно во јуни, пазарот во Кина забележа голем скок, откако беа уникати ограничувањата поради пандемијата и салоните за автомобили повторно ги отворија вратите за купувачите. Пандемијата го погоди кинескиот автомобилски пазар најмногу во првите три месеци од минатата година. Токму поради големиот скок во јунската продажба, статистиката сега пријавува послаб резултат.

Долготрајниот растечки тренд на кинескиот автомобилски пазар беше прекинат уште во мај, кога првпат беше забележан пад во продажбата. Вкупно од почетокот на годинава, пазарот во Кина сепак е во плус. Од јануари до јуни, на големиот пазар се продале 12,8 милиони автомобили, што е за една четвртина повеќе од лани.

Кон крајот на јуни, експертите излегоа со предвидувања дека кинескиот автомобилски пазар годинава би требало да постигне уште поголем раст отколку во првото полугодие. Предвидувањата се должат на најавените мерки на кинеските власти, за дополнително поттикнување на продажбата. Лани пазарот во земјата беше во пад трета година по ред.

Претходна објаваDaimler, Volvo и VW ќе градат мрежа од полначи за електрични камиони
Следна објаваCamry и Superb се единствени „нормални“, сé друго е премиум

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here