Volvo самостојно ќе развива софтвер за своите возила

Следната генерација модели на Volvo со чисто електричен погон, вклучувајќи го првиот СУВ на компанијата што ќе располага со сосем нова технолошка основа за електричните возила, ќе користи сопствен оперативен систем на Volvo. Софтверот VolvoCars.OS ќе биде брз и ќе овозможи флексибилен развој.

Оперативниот систем на Volvo ќе биде заеднички за сите електрични автомобили на Volvo. Системот ќе ги соединува различните оперативни системи во целиот автомобил и во податочниот облак, создавајќи единствена софтверска база. Во VolvoCars.OS ќе бидат опфатени оперативните системи Android Automotive OS, QNX, AUTOSAR и Linux.

Преку низа интерфејси за програмирање на апликациите, заедно со претходно најавениот Extended Vehicle API, системот VolvoCars.OS ќе им овозможи на девелоперите пристап до функциите на возилото, како што се податоците од сензорите, корисничките интерфејси и услугите што се базираат на податочен облак, како податоци за возен парк, секако во согласност со клиентот. На тој начин, девелопедите ќе можат да создаваат нови услуги и апликации за возилата на Volvo.

Основниот компјутерски систем што ќе доживее премиера во новиот модел на Volvo, најавен за 2022 година, ќе биде составен од три главни компјутери. Тие се подржуваат меѓусебно во процесирањето и во вештачката интелигенција, генерално во компјутерската обработка и во инфо-забавните системи.

Преоѓањето на централизиран компјутерски систем, Volvo ќе може постепено да го одвојува хардверот од софтверот. Тоа значи дека компанијата ќе може почесто да воведува нов хардвер, а тоа ќе овозможи новите модели на Volvo секогаш да го поседуваат најновиот хардвер што е достапен.

Во овој важен стратешки потег, партнери се Nvidia и Google, покрај цела низа останати компании.

Volvo го има најдоброто полугодие во историјата на марката

Претходна објаваMitsubishi доби нов шеф за Европа
Следна објаваMercedes-AMG GT4 во август доаѓа во салон во освежената верзија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here