Нарачка по руски стандарди: 100 примероци Mercedes Arocs

На постоечките 71 камиони Mercedes-Benz во служба на компанијата, сега им се придружуваат уште 100 примероци од Mercedes-Benz Arocs 4142B.

Од април во огранокот на компанијата во Москва се предадени 30 камиони, а останатите седумдесет примероци ќе бидат испорачани во текот на годинава. Сите камиони Mercedes-Benz Arocs се опремени со телематски услуги Fleetboard. Овој систем овозможува постојан увид во возилата во возниот парк, заради анализа на ефикасноста. Возачите добија и посебна обука од специјалистите на Mercedes-Benz Trucks.

Возниот парк на Партнер Груп отсега ќе се обновува исклучиво со камиони Mercedes-Benz. Тешките работни машини се користат за транспорт на бетон до градилиштата, како и за најразлични задачи на самото градилиште. Руските градежници се решија за германските камиони и поради одличната сервисна мрежа и поддршката од производителот.

DK RUS (DAIMLER KAMAZ RUS) е заедничка компанија меѓу Daimler Trucks и рускиот партнер KAMAZ. Со повеќе од 1.000 вработени, DK RUS во последните 11 години има монтирано и продадено над 35.000 камиони Mercedes-Benz и FUSO за рускиот пазар.

Камионите за Русија се произведуваат во фабриката на Mercedes-Benz во Верт, Германија, по што одделните конструкциски групи се пакуваат како комплети CKD (Completely Knocked Down) и со контејнерски брод се испраќаат во Русија. Потоа следи монтажа на CKD-модулите во готов камион за големиот руски пазар, во погоните на DK RUS во Набережние Челни. Кабините за камионите се изработуваат локално, во истата фабрика во Русија.

Претходна објаваVolvo го има најдоброто полугодие во историјата на марката
Следна објаваMitsubishi доби нов шеф за Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here