Лифтовите и подвижните скали на Schindler отсекогаш работеле на струја. Германскиот огранок на компанијата сега целиот свој возен парк во земјата ќе го префрли на погон на струја.
Теничарите и монтерите на Schindler ќе патуваат со електрични автомобили по германските патишта и со тоа ќе го смалат СО2-отпечатокот на компанијата. Планот е тој до крајот на 2022 година да се намали за 25 проценти во споредба со 2017 година. Две третини од таа емисија моментно отпаѓаат на возниот парк. Тоа ќе се смени, затоа што компанијата ќе користи исклучиво електрични возила во својот возен парк.
Возилата со обичен погон ќе се заменуваат со нови возила со погон на струја, откако ќе им истече договорниот период на лизинг. До 2024 година, целиот возен парк на Schindler од околу 3.000 возила во Германија ќе се префрли на електрични возила.
Компанијата со седиште во Швајцарија на сопствен трошок ќе постави полначи во близина на домот на вработените, за тие да можат секој ден да го почнуваат буквално со полна батерија. Три четвртини од возачите располагаат со приватно место за паркирање. Секако дека и компанијата во своите ограноци во Германија ќе поставува станици со полначи, коишто во одреден дел ќе добиваат струја од фотоволтаичките панели на покривот на објектите.
















