Победникот на тенискиот куп на Mercedes си замина со електричен EQS

Тенискиот професионалец Марин Ќилиќ победи во два сета (7:6, 6:3) во финалето на MercedesCup, против Феликс Оже-Алијасим од Канада.

Првата луксузна лимузина со чисто електричен погон на Mercedes-EQ позираше на два подиуми за време на турнирот, привлекувајќи ги погледите на фановите, но и на играчите. Тениските професионалци одиграа возбудливи мечеви, меѓутоа на крајот само еден можеше да се радува на тоа што ќе стане сопственик на EQS.

Му честитам на Марин Ќилиќ за возбудливото финале! Тој покажа впечатливи способности во текот на целито турнир и заслужено ги освои MercedesCup 2021 и EQS. Точно овој стремеж за врвни перформанси е заеднички за Mercedes-Benz и за врните спортисти како Ќилиќ“, изјави Брита Зегер, директорка за продажба на Mercedes-Benz AG.

Mercedes-Benz по 42-ри пат беше главен спонзор на MercedesCup. По една година пауза, поради пандемијата, гледачките и гледачите повторно можеа во живо да уживаат во тенис од врвна класа. Турнирот по шести пат се играше на трева и со тоа претставува важен подготвителен настан за претстојната сезона на зелена подлога.

Претходна објаваVolkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија
Следна објаваДвојна победа на стотиот маратон на Toyota Gazoo Racing

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here