за

Двојна победа на стотиот маратон на Toyota Gazoo Racing

Toyota Gazoo Racing имаше две причини за славење викендов. Едната причина беше стотата трка во издржливост за Јапонците, втората причина беше победата постигната на стотата трка.

Прво и второ место за хиперавтомобилот Toyota GR010 Hybrid во трката 8 Часа Портимао, по беспрекорно извозениот маратон на португалската патека. Toyota пропушти да стартува од првото место, но надомести со победа на втората трка сезонава во првенството во издржливост. На своите 100 трки, Toyota Gazoo Racing сега има победено 32 пати.

Себастијен Буеми, Казуки Накаџима и Брендон Хартли, победија на трката во Портимао со GR 010 Hybrid со стартен број 8, со предност од 1,8 секунда пред светските прваци Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа, лопез во Toyota со стартерн број 7.

Ова е втора победа на Toyota во двете трки сезонава, откако претходно триумфираше на 6 Часа Спа-Франкоршамп. Предноста на јапонските мотоспортисти се зголеми за уште 22 бодови. Во конкуренција на возачи, тимот на #8 има 20 бодови предност пред тимот во #7. Остануваат уште четири трки за возење.

Претседателот на тимот, Хисатаке Мурата, за 100-та трка: „Победа еден-два е совршен начин да се прослави нашата 100-та трка во светското првенство. Благодарност до возачите, инженерите и механичарите за одлично завршената работа. Моравме да се бодиме за оваа победа и беше возбудливо да се гледа како првите три хиперавтомобили се бореа за секоја десетинка од секундата. Немаше простор за грешка за никој.“

Следната трка се вози во Монца, тимот на Toyota Gazoo Racing таму ја постигна својата прва победа на трка во издржливост во 1992 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Победникот на тенискиот куп на Mercedes си замина со електричен EQS

Електричниот Mercedes e-Actros со премиера на 30-ти јуни