Производителите вложуваат сé помалку во нови технологии за мотори

Автомобилската индустрија го префрлува главното внимание при развојот и истражувањата на нови технологии, од мотори со внатрешно согорување, на електромотори и на електричен погон. Во минатата година, бројот на иновации, односно пријави за патентирање во подрачјето на моторите со внатрешно согорување, во целиот свет достигнал 3.128 понесоци, што е намалување за 15% во споредба со преклани.

Единствен раст во бројот на иновации во моторите е забележан во Кореја, кадешто имало зголемување од 111 на 122 пријави за патентирање. Кај четирите најголеми автомобилски нации, односно во Германија, Јапонија, САД и во Франција, исто како и во останатите држави што произведуваат автомобили, бројот на пријавени патенти се намалил за двоцифрен износ.

Во исто време, кај батериите има зголемување од 20 проценти и вкупно 3.214 пријавени патенти. Кај електромоторите имало вкупно 701 нови технологии или за 8% повеќе од преклани. Единствено кај горивните ќелии, кои се клучни компоненти кај водородниот погон, има поголем пад, за близу една петина, со вкупно 668 пријавени патенти. Станува збор за патенти чијашто важност е регистрирана на територијата на Европа.

Најголемиот број на патенти во сите технолошки подрачја потекнува од Германија. Но, тоа не значи дека германската автомобилска бранша е водечка во поглед на бројот на пријави на патенти во светски рамки. Поради тоа што давачките се високи, повеќето фирми ги пријавуваат своите иновации во сопствената држава и само во уште неколку избрани индустриски земји. Вкупниот број на патенти во подрачјето на техниката, поради влијанието на пандемијата, намален е за близу осум проценти.

Претходна објаваKia Motors Macedonia ја започнува смелата трансформација
Следна објаваToyota има нов планетарен крстосувач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here