Датумот 3-ти јуни е историски за бројни жители на Волфсбург. Фудбалската ѕвезда Пеле гостуваше во градот и во фабриката во Волфсбург. По повод 60-годишнината, архивот на Volkswagen објави слики што сега првпат се појавуваат во јавноста.
Големиот спортски настан во Волфсбург беше организиран од страна на тогашната Volkswagenwerk GmbH. Бразилскиот пристаништен град Сантос беше важен логистички партнер на Volkswagen. Во таа чест се одигра пријателски меч меѓу фудбалските тимови од двата града.
Фудбалскиот клуб Сантос уште во претходните години доаѓаше во бројни земји во Европа, за неговите ѕвезди да одиграат пријателски мечеви. Клубот во тоа време беше на голема турнеја, со гостувања кај силни противници, како ТСВ 1860 Минхен и Анјтрахт Франкфурт, но и Рома, Валенсија и полскиот национален тим. Бразилците одиграа 18 мечеви во 45 денови, пред да пристигнат во Волфсбург.
На мечот му претходеше посета на фабриката во Волфсбург и ексклузивно присуство на костумосаните фудбалери во посебни фази од производството на тогашната Буба.
Домашниот фудбалски тим, составен од машинбравари и инсталатери во фабриката одигра со одличен резултат 3:6 против бразилските шампиони.
https://photos.app.goo.gl/eBqGAT9yPkxhJAVU9
















