Фирма носи возила нарачани онлајн директно пред врата

За дигиталното купување се зборува многу, не само поради пандемијата. Возилата се прикажуваат верно и детално во онлајн-салон, а по барање се испорачуваат директно пред домот.

Онлајн-салонот Autohero оди чекор понапред и овозможува вредноста на постоечкиот автомобил да се вклучи во финансирањето на новиот користен автомобил. Цената на старото возило може да се пресмета брзо и лесно уште во текот на нарачката. Замената на возилата се врши при самата испорака на нарачаното користено возило. Компанијата неодамна воведе и гаранција за повраток на парите во рок од 21 ден.

Одредувањето на пазарната вредност при замената на старо со ново користено возило се врши онлајн, бесплатно и без обврска. Цената се одредува врз основа на марката и моделот, моторот, менувачот, опремата, километражата, состојбата на возилото и по вчитување на фотографиите од возилото. Доколку клиентот се согласи, вредноста на старото возило се пресметува во цената на новото користено возило и тоа се документира на посебна сметка.

Претходна објаваVolkswagen гради трета фабрика за електрични автомобили во Кина
Следна објаваСопственици на суперавтомобили избираа автомобил на годината