Недостигот од чипови голем проблем на салонот во Шангај

Бизнисот на Nvidia расте повторно, овојпат не од автомобилите

Недостигот од чипови уште долго време ќе ги мачи производителите на автомобили. Поради тоа што производството на чипови не е во рацете на автоиндустријата, „тоа е фатален проблем што нема да се реши толку лесно“, изјави директорот на здружението на автопроизводители во Кина, Џиа Ксингуанг.

Првиот човек на автомобилската индустрија во Кина, понатаму наведува дека „многумина очекуваат проблемот да се реши во втората половина од годината“. Џиа Ксингуанг предвидува дека ситуацијата ќе се подобри само незначително, „освен ако не се изнајде клучно решение“. Производителите на автомобили не можат да влијаат врз производството на чипови. „Автомобилската индустрија не е во состојба самата да ги произведува чиповите, што е голем проблем.“ Во исто време, автомобилите мораат да се соочуваат со многу покомплексни проблеми, како што е автопилотираното возење.

Германските аналитичари исто така не гледаат дека проблемот би можело да се реши во видно време. Додека се изградат нови фабрики ќе минат најмалку две до три години. Експертите таму ценат дека Кина ќе биде во улога на „локомотива“ и во поглед на чиповите за автомобилите. Земјата планира да оформи еден вид сојуз за чипови.

Кај литиум-јон батериите денес се гледа јасно дека Кинезите постојано го зголемуваат предимството. Слична ситуација може за пет години да се очекува и кај полупроводниците. Кина е многу динамична и поради тоа истовремено се развиваат и автомобилскиот пазар и економијата. Европа не постигнува толкава динамика.

Пожар во фабрика за чипови во време на криза од чипови

Претходна објаваBMW ќе произведува револуционерен вид батерии по 2030 година
Следна објаваAudi со четири светски премиери на салонот во Шангај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here