Volvo Trucks го запира производството, недостигаат чипови

Шведскиот производител на товарни возила Volvo јавува за големи проблеми во производсрвото, поради прекинатата испорака на полупроводници. Ривалот на Daimler и на Traton (Volkswagen) во почетокот на вториот квартал ќе го запре производството поради светскиот недостиг од чипови.

Volvo Trucks очекува производството во неговите фабрики да мирува меѓу две и четири недели. Прекинот во производството се очекува да ги оптовари и деловните резултати на компанијата.

Синџирот на испорака на чипови и останати делови е тешко предвидлив и постои голема неизвесност, јавуваат од Volvo. Ситуацијата се повторува и во останатите бранши. Курсот на акциите на Volvo се намали за седум проценти. Истото се случува и со вредноста на акциите на Daimler и Traton.

Од Traton, кој е холдинг на концернот Volkswagen, предупредија на ризици поради пандемијата и на можно проблеми со чиповите. Компанијата и натаму очекува да постигне значително зголемување на продажбата и прометот. Daimler исто така планира раст во продажбата и прометот. Пазарот за нови товарни возила лани речиси се преполови поради пандемијата. Во втората половина од годината, сепак почна да се зголемува бројот на нарачки за нови камиони.

>>> Недостигот од чипови може да прерасне во долготрајна криза

 

Претходна објаваCupra најавува спортски СУВ на струја за 2024 година
Следна објаваНајголемиот салон на Škoda се наоѓа во Емиратите