Промоцијата на автобусите се одржа во хотелот Double Tree by Hilton во присуство на претставници од Anadolu Isuzu од Турција, компании од бизнис заедницата во Р.С. Македонија како и во присуство на официјални претставници на институциите.
Гостите имаа можност да се запознаат со моделите Grand Toro, Novo Ultra и најновиот меѓуградски автобус Kendo/Interliner, кој беше лансиран на европскиот пазар во септември минатата година.
Grand Toro e 8.5 метарски туристички автобус кој се издвојува од останатите конкуренти во миди сегментот по својата исклучителна внатрешност и простор за патниците и возачот, голем багажен простор и ниската потрошувачка. Наменет е за туристички патувања на средни и долги релации, а се користи и за транспорт на вработени или како училишен автобус.
Novo Ultra е веќе добро познат претставник во миди сегментот. Обезбедува место и багажен простор за 29 патници, а новиот Euro 6 Isuzu мотор испорачува 190 коњски сили на 2600 вртежи. На европскиот пазар доаѓа во 2 верзии – Standard и Ultra.
Новиот 13 метарски Isuzu Kendo/Interliner меѓуградски автобус беше лансиран во Европа во септември 2020 година, но веќе е добро познат на македонскиот пазар. Веднаш по самото лансирање Anadolu Isuzu испорача 6 еко автобуси на природен гас на Рек Битола.
Покрај со CNG и bioCNG моторите, Isuzu Kendo/Interliner исто така нуди и широк ранг на интелигентни безбедносни технологии развиени од страна на развојниот центар во Anadolu Isuzu.
Турнејата на Isuzu продолжува низ останатите земји во Европа, а планирана е да трае до јуни оваа година.
https://photos.app.goo.gl/UgsoWpAwL9h9otrz8
https://photos.app.goo.gl/cubg5GMMSmQ4W4Tp9
https://photos.app.goo.gl/FYSX2wWPH8gGPkkQ7
https://photos.app.goo.gl/NCse8PHb19PH3BVEA
https://photos.app.goo.gl/7TME1z9SkFCcx6CH7
https://photos.app.goo.gl/9Qrp462HAJe11m2g6
















