Во прочуениот австриски регион Валдфиртел е сместен трговецот на големо со органска храна BerSta. Компанијата работи од почетокот на 1980-те години и досега има стекнато висок углед во регионот во близина на Виена. Две години како службени возила се користат електрични Kia e-Niro. Тие совршено се вклопуваат во сликата на одржливоста и балансот меѓу човекот и природата.
Трговецот со храна од биолошки контролирано потекло од регионот Валдфиртел (Шумски Кварт) во Австрија ја снабдува Виена со непрскани јаболки и по ниска цена нуди производи со врвен квалитет од земјоделците и сточарите во економски запоставениот регион. Асортиманот се состои од леб печен на дрва, млечни производи, овошје и зеленчук, но и месни специјалитети и колбаси, овошни сокови и мармалад, како и висококвалитетни масла, чаеви и зачини.
По фотоволтаичките панели што се поставени на покривот на седиштето на компанијата се насетува дека ова сепак не е обичен трговец со органска храна. Целата вистина се покажува кога ќе се забележат и неколкуте службени електрични автомобили Kia e-Niro. Секако дека автомобилите ги полнат батериите преку сложен систем што се базира на фотоволтаичките панели. Австриската држава исто така одобрува даночно олеснување за службените автомобили на струја.
Австриската компанија мошне рано избра да користи електрични возила. Нивната прва Kia e-Niro своевремено била осмиот примерок од овој модел регистрирана во земјата. Електричниот автомобил на корејската марка стартуваше со продажба кон крајот на 2018 година, како наследник на e-Soul. Напредокот до новиот модел беше огромен, првенствено поради досегот што изнесува околу 450 километри.
Лани во Австрија биле регистрирани близу 1.200 примероци од електричниот e-Niro. Заедно со новата генерација на кросоверот e-Soul, двата електрични модели учествуваат со дури 20 проценти во вкупната продажба на Kia во земјата.
Фамозната гаранција од 7 години и 150.000 километри важи и за електричните автомобили на Kia, посебно вклучувајќи ја и батеријата.
>>> Kia EV6 со врвна слика, без тон – вози на струја

















