Audi повеќе не развива нови мотори, само усовршување

audi tt bimoto mtm tuning

Забрзува електричната офанзива на Audi. Шефот Дисман најави дека неговата автомобилска марка повеќе не гледа иднина за моторите со внатрешно согорување. Причината за тоа се строгите норми за издувни гасови на ЕУ. Тековните модели сепак ќе се усовршуваат.

Маркис Дисман, шеф на Audi, ги прогласи бензинските и дизел моторите за застарен модел. „Плановите на ЕУ за уште построга издувна норма Еуро 7 од гледиште на техниката се огромен преедизвик, додека користа за животната средина е споредбено мала. Тоа екстремно го ограничува моторот со внатрешно согорување“, изјави Дисман за германските медиуми. Тоој понатаму наведува дека Audi повеќе нема да развива нови мотори со внатрешно согорување, туку ќе продолжи да ги приспособува постоечките мотори на новите издувни норми.

Audi за пет години ќе нуди 20 електрични модели. По големиот СУВ e-tron и по престижниот спортски автомобил e-tron GT, во април ќе биде претставен компактниот електричен модел Q4 e-tron. Тој ќе ја користи електричната платформа MEB на концернот Volkswagen, односно ќе располага со истата техника како VW ID.3 и ID.4, односно Skoda Enyaq iV. Премиум моделот на Audi, конструиран врз платформата MEB, ќе биде соодветно поскап во споредба со моделите на VW и Skoda.

>>> Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Претходна објаваДесет моменти од историјата на Mercedes SL
Следна објаваПлатата на шефот на Volkswagen пониска за 900.000 евра поради корона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here