Десет моменти од историјата на Mercedes SL

На наследникот на лозата што влече корен од легендарниот 300 SL му остануваат неколку месеци до премиерата. Родстерот од генерацијата R 232 повторно ќе биде нагласено спортска машина, по пример на првиот „Gullwing“. Родстерот ќе се води како дел од спортската марка Mercedes-AMG. Кусо потсетување на клучните моменти од богатата историја на овој модел.

Создаден за тркачки патеки: На 12-ти март 1952 година, Mercedes-Benz на дел од автопатот во близина на Штутгарт го претставува 300 SL (W 194) пред новинарите. Станува збор за чистокрвен тркачки автомобил. Неколку недели подоцна, Mercedes-Benz стартува со овој автомобил во меѓународниот мотоспорт.

Букви што кажуваат многу: Буквата „S“ означува „super“, додека „L“ е за „leicht“ (лесно) – тоа е официјалната информација за значењето на ознаката.

https://photos.app.goo.gl/2CZ6W1DmDsWdNBHs6

Од пет трки, четири победи: 1000 Милји (Mille Miglia), 24 часа Леман, трки со спортски автомобили во Берн и на Нирбургринг, како и Карера Панамерикана, се настаните во мотоспортот на коишто учествува првиот SL.

https://photos.app.goo.gl/EdDpNVAi8MVBHRU5A

Деби во Њујорк: Сцената бара Mercedes да изработи сериска верзија од успешниот тркачки автомобил. Производителот реагира и уште во 1954 година го нуди серискиот спортски автомобил 300 SL Coupé. Дополнително е претставен и комфорниот родстер 190 SL. Прочуениот „Gullwing“ во 1957 година е заменет со 300 SL Roadster. Денес не постои врвна автомобилска збирка во којашто нема барем еден примерок од двете изведби на моделот.

https://photos.app.goo.gl/PtBY9mNvcq3SG4Y99

Во ограничена серија: Од прочуениот спортски автомобил со препознатливите крилести врати се изработени само 1.400 примероци. Денес нивната вредност почнува од еден милион евра, а често достигнува и вредност од неколку милиони евра.

Пагода“: Во 1963 година, Mercedes го претставува 230 SL, којшто е замена за 300 SL Roadster и за 190 SL. Моделот одушевува со спортските возни својства, со комфорот и со безбедноста. Концептот на овој модел останува во сите следни генерации.

https://photos.app.goo.gl/TqEiSqqQNKLDzWXV8

Маратонец: Прва генерација на SL со осумцилиндарски мотори е R 107, што своето деби го има во 1971 година. Моделот останува во производство 18 години, што е рекорд.

https://photos.app.goo.gl/5L4QCCBacxuyVzTD9

Висока технологија: Следната генерација на SL (R 129, 1989) поставува нови мерила во секаков поглед. Сензација е автоматскиот заштитен лак што излегува за сам 0,3 секунда. Сцената лудува и по врвните моделски изведби со мотори V12, по 600 SL/SL 600 (290 kW/394 КС) и SL 73 AMG со 7,3-литарски V12 со 386 kW (525 КС). Покривот се спушта за 16 секунди.

https://photos.app.goo.gl/MztHWKPVS5gz3fVA9

Врвна моќ: SL 65 AMG Black Series располага со 493 kW (670 КС) под хаубата. Ексклузивните возила од Афалтербах се посебно барани – една третина од сите примероци од оваа генерација имаат AMG-мотори.

https://photos.app.goo.gl/v6aFCyM6EudsgUVW9

Спортист во костум по мера: Генерацијата R 231 од 2012 година ја поседува првата каросерија во голема серија, што целосно е изработена од алуминиум. Тежината на тој начин е смалена за околу 140 килограми.

https://photos.app.goo.gl/PRaXPXg1abY9sL838

Претходна објаваСамо V8 во Ford: Четирицилиндарецот си замина од Mustang
Следна објаваAudi повеќе не развива нови мотори, само усовршување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here