Калифорниско гратче забрани изградба на нови станици за гориво

Гратче со 60 илјади жители на северот на Калифорнија моментно располага со 16 станици за гориво. Советот на Петалума цени дека тоа е доволно и забранува изградба на нови станици за гориво.

Во образложението од градскиот совет на Петалума јасно се укажува на причината: „Забраната за нови станици за гориво е во корист на јавниот интерес да се спречат нови извори на загадување, кои масивно влијаат врз животната средина и здравјето на луѓето.“ Привремената забрана беше воведена уште во 2019 година и таа сега стана трајна мерка.

Овој чекор на калифорнското гратче предизвика големо внимание на медиумите во земјата и ширум светот. Петалума е прв град во САД што забранува изградба на нови станици за гориво. Во изјава за локалниот Аргус Куриер, градоначалничката Тереза Барет кажа: „Не знаев дека ќе бидеме први и постојано кажувам дека ова не го направивме за да бидеме први. Преземаме чекор што е во духот на времето, затоа што така се прават промените. За мене, ова е навистина важно затоа што не се работи само за штиклирање полиња. Доколку сакаме да бидеме неутрални во однос на емисијата на јаглерод до 2030 година, мораме да ги направиме овие промени.“

Локалните медиуми понатаму наведуваат дека не е изненадување тоа што Петалума презеде ваков чекор. Градот прифати обемен план да постигне неутралност од емисијата на СО2 до 2030 година. Студија што неодама беше спроведена во округот Сонома откри дека транспортот е виновен за 60% од емисијата на стакленички гасови во регионот. Во градовите Санта Роса и Себастопол исто се размислува за забрана за изградба на нови станици за гориво.

https://www.instagram.com/p/CJ_dBg5Fgtp/

>>> Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

Претходна објаваSeat Ateca расклопена по 100.000 km, видеото е уникат
Следна објаваPorsche вложи дополнителни 70 милиони евра во хрватскиот Rimac

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here