Петнаесет милиони автомобили од фабриката на Škoda

Во главната фабрика на Škoda во Млада Болеслав денес е произведен 15-милионитиот автомобил на чешката марка. Две третини од светската продажба на Škoda се испорачуваат од оваа фабрика. Во седиштето на марката моментно се произведуваат шест модели, Fabia, Scala, Octavia, Kamiq, Karoq и Enyaq iV.

Škoda денес одбележува важен историски настан. Во седиштето на марката во Млада Болеслав е произведен 15-милионитиот автомобил. Славеничкиот модел е електричен Enyaq iV во сребрена металик боја. Пионерите на мобилноста Вацлав Лорин и Вацлав Клемент во 1905 година излегоа од фабриката со својот прв автомобил, Voiturette A.

Автомобилското производство во Млада Болеслав датира од компанијата Laurin & Klement, подоцна Škoda. Во 1905 година, Вацлав Лорин и Вацлав Клемент престануваат во производство на велосипеди и целосно се посветија на мотоцикли и автомобили. Поранешната хала денес е претворена во музеј на Škoda.

Новата фабрика се наоѓа спроти поранешната локација на компанијата, со 29.100 вработени во производство на шест моделски серии: Fabia, Scala, Octavia, Kamiq, Karoq и Enyaq iV. Освен возила, во Млада Болеслав се произведуваат и мотори, мануелни менувачи MQ100 и MQ200, оски и високонапонски батерии за приклучните хибриди од неколку марки на концернот..

Групацијата Volkswagen ја презеде Škoda пред три децении, во 1991 година. Само оттогаш се произведени повеќе од 10.700.000 автомобили. Enyaq iV е единствениот модел со електричен погон што се базира врз платформата MEB и се произведува надвор од Германија.

Освен го главната фабрика, Škoda произведува и во Квасини и Врхлаби. Во првата се произведуваат Superb и Superb iV со приклучен хибриден погон, како и Kodiaq и Karoq. Втората фабрика е специјализирана за автоматски менувачи со двојна спојка DQ200. Лани од чешките фабрики излегоа над 750.000 возила и покрај ставањето на продукцијата во мирувањето во почетокот на пандемијата. Автомобили Škoda се произведуваат и во Словачка, Украина, Кина, Индија и Русија. Вкупно од 1905 година се произведени над 24.800.000 возила ширум светот.

>>> Дамите ценат дека Škoda Octavia е најдобар семеен автомобил

Претходна објаваSeat и Шпанија планираат изградба на фабрика за батерии
Следна објаваPorsche им помага на училишта во Германија да одржуваат дигитална настава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here