На струја четири од секои 5 нови автомобили во Норвешка во февруари

Audi e-tron

Февруарскиот пазар во Норвешка порасна за 3,3 проценти во споредба со истиот месец лани, а продолжи да расте и уделот на електричните автомобили – на батериските автомобили и на приклучните хибриди отпаѓаат четири петини од вкупниот пазар.

Колку што звучи убедливо супериорниот удел на електричните автомобили во Норвешка, толку е убедлив и моделот што се наоѓа највисоко на листата на најпродавани модели во земјата: Луксузниот СУВ-модел на струја Audi e-tron е најпродаван во скандинавската држава. Дури по него следат Nissan Leaf и Hyundai Kona.

Во вкупниот удел од 79,1 проценти на електричните, 47,5 проценти отпаѓаат на чисто електрични модели и 31,5 проценти отпаѓаат на приклучни хибриди. Зголемувањето на уделот на хибридите се должи на фактот што двата најпродавани „батериски“ модели, Volkswagen ID.3 и Tesla Model 3, моментно не се испорачуваат во истиот обем како лани.

Веќе се наѕира крајот на автомобилите со обичен бензински или дизел мотор. Додека лани во февруари, тие учествувале со 21,5% во вкупната продажба, годинава уделот им е спаднат на само 12,7 проценти. Се смалила и продажбата на полни хибриди, од 11% во ланскиот февруари на 8,2 проценти во минатиот месец.

Има големи осцилации во продажбата некои модели. Некои, пак, го задржуваат истото темпо како лани. Тоа се првенствено Audi e-tron, Nissan Leaf, Hyundai Kona и MG ZS. Се зголемил и уделот на Peugeot e-2008, Polestar 2, Volvo XC40 и Kia Niro во споредба со истиот месец во минатата година.

Наспроти тоа, пад во продажбата има кај Tesla Model 3 и кај VW ID.3, кои лани завршија на 2-то и 3-то место. Падот во продажбата повеќе се должи на пропусти во дистрибуцијата на возилата и не станува звор за намалување на интересот за овие модели. Во следните месеци се очекува продажбата на овие два модели да се врати на вообичаеното ниво.

>>> Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Претходна објаваVW Bulli првпат како модел-автомобил од Playmobil
Следна објаваHyundai Bayon како конкурент на Volkswagen T-Cross

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here