Камиони на Scania тестираат електричен погон „на жица“

Камиони на Scania тестираат електричен погон „на жица“

Сцената на електромобилноста веќе подолго време го следи тестирањето со електрични камиони што преку пантограф на покривот влечат струја директно од жицата над патот. Тест-делницата од автопатот А5 во Германија ќе се продолжи за уште седум километри, а Scania ќе испрати уште седум камиони да го дополнат возниот парк што го тестира ова мошне практично решение.

Во Германија моментно се спроведуваат три различни тестирања во електрични камиони. Во последното проширување на делницата по којашто се вози, уште седум километри пат ќе се додадат по должината на А5, со што вкупната должина на оваа тест-делница ќе изнесува 12 километри во правец кон Дармштат и пет километри кон Франкфурт. Проширувањето се очекува да биде завршено до крајот на 2022 година. По оваа делница јужно од Франкфурт, дневно сообраќаат 135.000 возила, вклучувајќи 14.000 камиони, со што таа се вбројува меѓу најоптоварените, но и најзагадени патни делници во Германија.

Освен на А5, во земјата се тестира „електричниот автопат“ уште по делнциата А1, во близина на Либек. Во текот на годинава се очекува да стартува и третиот проект во германската покраина Баден-Виртемберг (B462). На овие три локации ќе сообраќаат вкупно 22 камиони, со цел да се тестира погонското решение.

Електрични камиони Германија Siemens Scania

Scania досега има испорачани пет примероци од хибридниот камион R 450, кои се опремени со пантографи. Секој од овие камиони се тестира од различни клиенти. Шведскиот производител на камиони, кој е дел од Volkswagen, се грижи за одржувањето на камионите и за управување со податоците што се добиваат од возилата.

Системот е развиен од Siemens. Пантографот на покривот на камионите им дозволува да возат со брзина до 90 километри на час, чисто на струја. По напуштањето на „електричниот автомат“, камиони продолжуваат со класичен, односно со хибриден погон.

За разлика од патничките автомобили, кои се користат само кусо и практично остануваат паркирани цел ден, кај камионите е непродуктивно доколку мораат да мируваат долго при полнењето на батеријата. Електричните автопатишта се дополнителен начин за напојување на електричните камиони со струја. Решението е посебно интересно за делници што се преоптоварени со сообраќај и се екстремно загадени.

Повеќе студии докажуваат дека електричните патишта се делотворен начин за смалување на емисијата на СО2.

>>. Пратките во Холандија се разнесуваат со електрични камиони

Претходна објаваSubaru WRX STI: Легенда од сино-златната ера на релито
Следна објаваBlaupunkt повторно го произведува топка-звучникот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here