Subaru WRX STI: Легенда од сино-златната ера на релито

Subaru_Impreza-2.0-WRX-STI-2004

Шест титули на светски шампион во рели и рекорди на бројни тркачки патеки во најразлични дисциплини на мотоспорт, во кариера што траеше над 25 години. Тоа се само некои од импресивните факти за WRX STI. Спектакуларната и екстремно силна изведба на Subaru Impreza ја доживеа својата европска премиера на салонот во Франкфурт пред 20 години.

Мисијата на овој автомобил е напишана во неговото „име“: WRX е кратенка од World Rally Cross, односно од World Rally eXperimental, додека STI е кусо од одделението за мотоспорт Subaru Tecnica International. Спортската лимузина дебитираше во јануари 1994 година во Јапонија, како топ-изведба на Subaru Impreza. Причина за појавувањето на моделот беше успехот што тркачката варијанта на Impreza го постигнуваше во светскиот шампионат во рели. Во новата сезона, јапонскиот специјалист веќе целеше на освојување на шампионатот. Во 1995 година се случи и големиот триумф, освојување на светското рели со Колин Мекри. Уличната изведба на WRX STI беше опремена со 2,0-литарски боксер со турбонатполнење и 250 КС во почетокот, со впечатлив звук и со исклучителна способност за лесно качување на вртежите.

Втората генерација на спортската Impreza во 2001 година пристигна и во Европа, со карактеристичните светла и маска за STI, со голема купола на хаубата, и секако, со омилената боја „World Rallye Blue“, во комбинација со алу-тр

кала во златна боја. Моторот на овој WRX STI располагаше со 265 КС.

Subaru Impreza WRX STI од 1994 година

https://photos.app.goo.gl/Vb2MvPssvippJKAK7

За моделското годиште 2006-то, целиот преден дел беше редизајниран, а WRX STI доби и заден дифузор, дополнителен кровен спојлер, а конечно и во Европа беше достапен турбо-боксерот од 2,5 литри со 280 КС.

Моќноста на моторот можеше краткотрајно да се зголеми за три проценти, преку прскање вода врз интеркулерот, заради уште поголемо ладење. Тоа е техника што WRX STI ја презеде од сродните болиди во рели-спортот.

https://photos.app.goo.gl/ZxPN2bJsfXeSzcBM7

Во 2008 година стартуваше третата генерација на WRX STI. Место лимузина со кус опаш, новакот стана практична комбилиузина со голем поклопец. Суперспортистот се разликуваше од цивилните изведби само во логоата, во проширените крила, по отворот за воздух за интеркулерот и во поголемите тркала. Но, под хаубата работеше 2,5-литарскиот боксер, зајакнат на 300 КС и со брутален вртежен момент од 407 њунтметри. Така подготвен, WRX STI спринтуваше за само 5,2 секунди од место до темпо сто.

https://photos.app.goo.gl/f7H2bm1BtSh3ydMp9

Во 2010 година бројните фанови се израдуваа за „The wing is back“, затоа што WRX STI се врати со кус опаш и со впечатливо голем спојлер назад. Моделот официјално го изгуби моделското име Impreza и се водеше само како WRX STI. Тоа беше сосем доволно да се знае за кој автомобил станува збор.

Четвртата и досега последна генерација на Subaru WRX STI беше претставена во 2014 година. Пакетот остана истиот: Моќен боксер со ниско тежиште, шестстепен мануелен менувал, постојан погон на сите тркала и усовршен средишен диференцијал со повеже режими на расбота DCCD (Driver’s Control Center Differential), за варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу предната и задната оска.

Поради постојаното заострување на нормите за издувни гасови, производството на WRX STI за европскиот пазар беше прекинато во 2018 година. Митот WRX STI и покрај тоа продолжува да живее во срцата на бројните љубители на релито, како и во најразличните тркачки серии по асфалт и по земја.

https://www.instagram.com/p/CKmibBQhcIG/

>>> (2017 г) Со ново име за стотиот роденден: Fuji Heavy Industries станува Subaru Corporation

Претходна објаваСекој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе добие полначи за електрични автомобили
Следна објаваКамиони на Scania тестираат електричен погон „на жица“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here