Продажбата и сервисирањето на возилата, било нови или користени, масовно се враќа во своите природни рамки, во професионални раце. Ми-Да Гранд Моторс, како едно од имињата со најдолга традиција и изградено име на македонската сцена, започнува со услуга што внесува освежување во делот на користените возила.
Ми-Да Гранд Моторс, во соработка со Autoto, почна нова кампања за откуп и комисиона продажба на користени возила од сите брендови, чија прва регистрација е во Македонија. Возилата што не треба да се постари од 12 години, се изложуваат во салонот на Autoto и се продаваат под слоганот „Сигурни автомобили, среќни возачи“. Според Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс, сите возила што тие ги откупуваат поминуваат проверка во овластен сервис, при што се прави и проценка на вредноста на возилото.
„Нудиме одлични услови, односно имаме брза проценка на вредноста на возилата и ги откупуваме по реална пазарна цена. Исплатата на парите е во рок од 24 часа и откупната цена која ја договараме целиме да биде атрактивна за сопственикот на возилото. Возилата треба да исполнат неколку услови. На пример да не е увезено, односно првата регистрација на возилото да е во Македонија. Потоа да не е постаро од 12 години. Се разбира треба да е во возна состојба и да не е под залог“, вели Заири од Ми-Да Гранд Моторс.
Со воведување на можноста за комисиона продажба на возилата, Заири објаснува дека обезбедуваат продажна услуга за оние сопственици што сакаат самостојно да ги продадат користените возила. Односно, сопствениците имаат можност возилата да ги изложат во салонот на Autoto и да добијат професионална помош од продажните агенти во салонот.
Возилата што се во продажба во салонот на Autoto може да се видат и на Фејсбук страната https://www.facebook.com/autotomk, а повеќе информации да се добијат на телефонскиот број 070 359 820. Според трговецот, сопственикот има можност кога ќе го остави своето возило да одбере и да купи некое од изложените возила во салонот на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, Скопје.
Autoto има развиено продажна мрежа на користени возила во неколку балкански држави – како Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
















