Корпорацијата Kia продолжува и во 2021 година како главен спонзор на европското првенство во Лигата на легенди. Станува збор за исклучително популарна и масовна компјутерска игра
На отвореното тениско првенство на Австралија и ФИФА, како ударни спортски настани во светски рамки, каде што Kia има традиција во спонзорирање, повторно им се приклучува Лигата на легенди (LEC – League of Legends European Championship), еден од главните глобални турнири во е-спорт. Поддршката од Kia ќе биде забележлива преку новото лого и новите модели што ќе се појавуваат во играта во текот на сезоната.
Kia и Riot Games, организатор на LEC, се здружија во заедничка продукција на видеоспот што е посветен на спонзорството. Спотот насловен „Kia X LEC: The best idea“ го означува стартот на новата сезона во Лигата на легенди. Во видеото се појавува новото лого на Kia, коешто производителот го прикажа преку спектакуларен техно-огномет на 6-ти јануари. Видеото со коешто лани беше означен почетокот на сезоната „I Want the LEC Back!“, привлече над еден милион гледачи. Во спотот се појави електричниот Kia Niro EV.
Логото на Kia ќе се појавува на знамињата во Лига на легенди
За претстојната сезона, Kia исто така ќе биде спонзор на трите главни награди во LEC, коишто им се доделуваат на најдобрите играчи за 2021 година: Kia All-pro team, Kia Player of the Game и Kia MVP of the Split Award. Новина во компјутерската игра годинава ќе биде прикажувањето на логото на Kia на знамињата.
Сезоната 2021 во LEC е организирана на пролетен и летен турнир. Првиот почнува на 22-ри јануари во студиото на Riot Games во Берлин. Детали околу датумот и местото на финалето на пролетниот турнир ќе се објават понатаму.
Од лансирањето во 2009 година, Лига на легенди прерасна најголема и најбрзо растечка платформа за е-спорт во светот. Во играта секој месец учествуваат повеќе од 100 милиони играчи. Дванаесетте официјални лиги привлекоа милијарди гледачи глобално. LEC, највисокото ниво на натпреварување во Европа, во минатата сезона постигна најголема гледаност од 800.000 прегледи.
https://www.instagram.com/p/CKEhua5AzHA/
https://www.riotgames.com/en















