Преоѓањето на најстрогата издувна норма досега беше организациски подвиг за Audi. Предизвик беше постоечките мерни рампи во фабриките во Инголштат и Некарсулм да се искористат оптимално, што дополнително беше отежнато од корона-кризата.
Сертификат за исполнување на новата издувна норма добија 193 модели на Audi, што е речиси целата моделска понуда на марката. Во првите месеци од годината ќе се сертифицираат и преостанатите неколку модели.
Преоѓањето на новата норма беше најобемно во гамата на A4 и A5 со вкупно 58 варијанти на мотори и менувачи. Законите бараат секоја комбинација од мотор и менувач да се тестира посебно – за секоја каросериска форма. Тоа значи дека, на пример, 2.0 TDI со седумстепен менувач S tronic и погон quattro мораше да се тестира со секоја каросериска варијанта, односно во лимузинска, купе-лимузинска Sportback и комби Avant изведба.
Издувната норма Euro 6 стапи на сила за новите моделски генерации уште во почетокот на 2015 година. Нормата ја ограничува емисијата на азотни оксиди на 80 милиграми за дизел мотори, односно на 60 милиграми за бензински мотори. ЕУ со секој нареден степен постојано ги заоструваше барањата во поглед на мерната постапка, мерните циклуси, текот на мерењето и условите за тестирање.

Новиот степен Euro 6d-ISC-FCM важи од 1-ви јануари 2021 година и во уште поголема мера се раководи според Real Driving Emissions (RDE). Во рамките на ова тестирање, автомобилите се возат по пат под строго одредени услови и притоа мораат да ги исполнат строгите гранични вредности. ЕУ сепак дозволува измерените вредности да отстапуваат за повеќе од половина (фактор 0,43) од лимитот. Со нормата Euro 6d се пропишува и возилото да поседува сопствен систем за регистрирање на потрошувачката на гориво. Audi за таа цел вчитува посебен софтвер за контролната електроника на моторот.
Строгите норми може да се исполнат единствено со помош на Twindosing, односно со масивни филтри за честички кај бензинците
Клучна заслуга за исполнување на нормата кај дизел моделите на Audi има технологијата Twindosing, којашто се користи и кај четирицилиндарците и кај моторите V6. Марката од Инголштат уште во текот на минатата година ја воведе оваа технологија во моделите Audi A3, A4, A5 и Q5.
Кај моделите со бензински мотори се внимаваше најмногу на честичките јаглерод, што се создаваат посебно при стартување на ладно. Audi уште од 2018 година вградува филтер за честички чад во своите модели со бензински мотор. Овие филтри ја смалуваат емисијата на честички до 90 проценти.
Fellow urbanite.#AudiQ2 pic.twitter.com/826AnMqi7O
— Audi (@AudiOfficial) January 16, 2021
















