Славеничкиот GSX-R1000R за стогодишнината на Suzuki во салонот во Скопје

Славеничкиот Suzuki GSX-R1000R за стогодишнината во салонот во Скопје

Најдостојно поздравување на новата година во салонот на Suzuki во Скопје. Специјалната серија од GSX-R1000R во чест на стогодишнината на компанијата е лакирана во истата двобојна шема како тркачките GSX-RR на тимот Ecstar во светското првенство во МотоГП. Традиционалната комбинација од сина и сребрена боја се навраќа на првите победи на Suzuki во 1960-те години – и на актуелниот шампион во МотоГП, Хоан Мир.

Суперспортската серија GSX-R на Suzuki во својата историја бележи долга низа победи на најразлични трки и шампионати во Европа, САД и Австралија. Секако дека посебно место заслужуваат и триумфите во Сениор ТТ на островот Ман. Славеничката серија на GSX-R1000R во чест на стогодишнината на компанијата има многу повеќе заедничко со тркачките машини, не се само боите.

Моторот во GSX-R1000R го користи системот SR-VVT (Suzuki Racing-Variable Valve Timing) што созреваше на гранпри-трките и придонесува за моќноста од 202 КС и 118 Nm. Оваа технологија ги подобрува перформансите при повисок број вртежи, без притоа да се жртвува средното подрачје на вртежи и повлекувањето при ниски вртежи.

 

Во подвозјето, главна ѕвезда е вилушката Showa BFF, којашто се одликува со исклучително хармонична реакција. Уште едно наследство од мотоспортот е можноста да се менува аголот на предната вилушка, со цел да се постигне прецизен сетап точно по мера на возачот, во согласност со меѓународните правилници за мотоспорт.

Стандардната опрема на GSX-R1000R вклучува целосен пакет од електронски уреди од најновата генерација, со електронска контрола на тракција со 10 степени, двонасочен quickshifter, брз старт и ABS со посебна функција во свијоци.

Шпанецот Хоан Мир го освои првенството во МотоГП со Suzuki

Мото-трките се впишани во генот на Suzuki, како на тркачкиот асфалт, така и во мотокросот. Со легендарни возачки имиња од ковот на Бери Шин и Кевин Шванц, компанијата освои бројни шампионати. Во регалот со трофеи стојат и 12 тимски титули во светскиот шампионат во издржливост, 13 наслови во AMA шампионатот во супербајк и бројни победи на 24 часа Леман и Бол дОр.

Мотоциклите на Suzuki често воведуваа револуции во браншата, а најдобар пример за тоа е GSX-R750F од 1985 година. Дел од таа низа е GSX-R1000 K1 од 2001 година. Меѓу незаборавните моделски имиња се бројуваат и GT750, GSX1100S Katana и RGV250. Уште одекнува сензацијата од Hayabusa од 1999 година, кој перформансите ги подигна на ниво како ниту еден друг мотоцикл пред него.

https://photos.app.goo.gl/NVHy49AwDN3Qom6BA

https://photos.app.goo.gl/KcdZVKLZK2Bc9d277

https://photos.app.goo.gl/pw5YHC71Khj5dSV97

https://photos.app.goo.gl/NVUUxEV8TAF3fGKy7

https://photos.app.goo.gl/DuANQjcKZpEERpWf6

>>> Suzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

Претходна објаваПорше ги објави македонските цени за Škoda Octavia RS
Следна објаваРели Дакар денес мирува, следна е маратонската етапа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here