Volvo испитуваше како ставовите на луѓето се смениле во пандемијата во поглед на темелот врз кој почива шведската марка, безбедноста. Во студијата беа опфатени и промените во движењето на луѓето во секојдневието, како и промените во улогата на автомобилите.
Безбедноста на Американците им е поважна од кога било досега, во времето на пандемијата. Тоа е заклучокот на студијата што ја спроведе огранокот на Volvo во САД. Луѓето воведуваат промени во нивниот однос кон надворешниот свет и бараат сигурна заштита во своите автомобили и домови.
Еден од примерите за тоа: 82% од испитаниците веруваат дека „безбедноста“ денес е многу поширок поим отколку пред шест месеци. Дури и кога ќе заврши пандемијата, повеќето ќе ги користат своите возила во поголем обем. Во исто време, 50% од испитаниците помалку ќе користат јавен превоз, како и заеднички превоз (47%).
Две третини (63%) од испитаниците сега би платиле повеќе за возило што им нуди поголема безбедност отколку пред една година
Автомобилите и домовите се ценат како најбезбедни места. Повеќето бараат подобри живеалишта, особено помладите. Две третини од испитаниците под 40 години купиле или се подготвуваат да купат автомобил поради пандемијата. Возачите поверојатно ќе изберат возило од марка во којашто можат да имаат доверба (84%) и чијшто возила уживаат глас дека се безбедни. Околу две третини од испитаниците ценат и дека „помодарските“ автомобили не се соодветни за сегашната економска ситуација.
Сменета е улогата на автомобилите во времето на пандемијата
Американците ги ценат своите возила како „бегство“ од тешката година и ги користат на најразлични начини:
- на 63% од испитаниците, возењето им го смалува стресот (75% кај миленијалците)
- повеќе од половина од новите родители (55%) го користеле возилото како „зона на изолација“
- стресот при патувањето до работа е смален за 20% во споредба со 2018
- на околу половина од миленијалците им недостига времето да бидат сами, додека на 48% од Ген З им недостига таа можност да слушаат музика или подкаст
- на повеќе од половина од бумерите воопшто не им недостига секојдневното патување до работа.
Се зголемуваат случаите на невнимателно или насилничко возење
Иако е смален бројот на возила по улиците, невнимателното возење и натаму е главна загриженост. Агенцијата за безбедност во сообраќајот објави дека во 2020 година за 29% се зголемил бројот на загинати по единица пат. Празните патишта доведоа до побрзо возење, додека Ковид во исто време влијаеше да се зголеми стресот и да се смали внимателноста.
Се бараат нови „безбедносни“ функции во возилата
Во зголемената зависност од автомобилите што нудат и заштита и бегство, Американците повеќе се заинтересираа за новите безбедносни функции што се однесуваат на здравјето и заштитата по пандемијата.
На листата на желби на возачите се најдоа клима уред со вграден филтер против бактерии (53%), како и дезинфекција на возилото по сервисирање (52%).
Се бараат и нови начини, за полесно да се посегне по предмети како маски и дезинфициенси во возилото. Меѓу барањата се наоѓа на пример и посебно место за чување на маската во возилото (43%).
















