Škoda имаше електрична 2020 година

Škoda имаше електрична 2020 година

Годинава на чешката марка ѝ донесе комплетно нов СУВ на струја, додека во „модел-марката“ Octavia проработе приклучен хибриден погон. Следеше и почеток на производство на батерии, воведување на платформата MEB, полнење преку Škoda Powerpass, а беа прикажани и иновативни полначи со замавници.

Најголемиот електричен момент за Škoda во 2020 година секако беше претставувањето на сосем новиот модел Škoda Enyaq iV. „Тоа е првиот елекетричен автомобил што е изработен врз платформата MEB. Enyaq iV е произведен во Млада Болеслав, во самото срце на Република Чешка и го отелотворува тоа што јас го нарекувам следно скалило на развојот на Škoda: Трансформација со нагласок на електрификација и дигитализација,” тогаш изјави Томас Шефер, претседател на управниот одбор на Škoda, при премиерата на електричниот СУВ.

За да се претстави пред светот, Enyaq iV веднаш по светската премиера ја искористи како „бина“ велосипедската трка Тур де Франс и му послужи на директорот на трката, како службено возило за време на настанот што го следи цел свет.

https://youtu.be/df5r5JRENOM

Возилата што ја носат Škoda iV не се „само“ електрични возила или со приклучен хибриден погон. Тоа е цел екосистем што им го поедноставува животот на сопствениците на електричен автомобил Škoda и на возачите, согласно мотото Simply Clever. Во фабриката во Млада Болеслав во меѓувреме се произведуваат и батерии за возилата со приклучен хибриден погон.

Во заедничка хала се произведуваат возила врз платформите MEB и MQB. Тоа е единствен пример во целиот концерн, возила со електричен и обичен погон да се произведуваат едно до друго: Enyaq iV, OCTAVIA и KAROQ.

https://youtu.be/roR0o6FBb2M

Во семејството модели на Škoda со приклучен хибрид се придружи спортската Octavia RS iV, како чекор со којшто се покажува дека електромобилноста не ја попречува динамиката во возењето.

>>> Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон

Претходна објаваАДАК бара диодни светла што ќе траат подолго
Следна објаваКои марки држат најмногу пазари во светски рамки?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here