Mahindra долго време го има Roxor во својата понуда во САД. Поради сличностите со Jeep, постоеја неколку ограничувања, Тоа сега е сменето, Индијците можат слободно да го продаваат клонот на Willys Jeep на домашниот пазар на марката.
Mahindra во почетокот на 2018 година објави дека ќе започне со продажба на Roxor на пазарот во Северна Америка. Не е тешко да се препознае дека во дизајнот има голема инспирација од Jeep CJ, цивилна изведба врз база на Willys Jeep, теренецот што американската армија го користеше во втората светска војна.
Поради големите сличности меѓу Roxor и Jeep, концернот Fiat Chrysler побара да се запре продажбата на индискиот теренец. Забелешката конкретно се однесуваше на вертикалните изрези во маската на Roxor, што Jeep ги има патентирано како заштитен белег.
Индијците не се откажаа и во почетокот на годинава воведоа измени во изгледот на Roxor. Поточно имаше само една мала измена. Единствено требаше да се смени маската со вертикалните изрези. Така и се случи. Според Меѓународната комисија за трговија, со овој чин се отстранети сите основи на спорот. Тужбата на FCA е повлечена, а Mahindra доби на располагање огромен пазар да ја продава преправената изведба на својот Roxor–Jeep во Северна Америка.
https://photos.app.goo.gl/5EmHZrnWT3WZ7J6R7
Реакцијата од Fiat Chrysler беше сосем разбирлива, но од друга страна и беше претерана. Roxor во САД не е регистриран како возило за јавен сообраќај и може да се управува единствено надвор од асфалтот, на сопствен имот. Монтажата на возилата во САД се врши од полуготови китови што се испорачуваат од фабриката на Mahidra во Индија. Крајната брзина е ограничена на 90 km/h.
Пристигањето на редизајнираниот Roxor во 2021 година сепак може да донесе нови изненадувања. Mahindra штотуку ја претстави новата генерација на Thar на индискиот пазар, модел што практично е основа за американскиот Roxor. Тој исто така изгледа слично на пра-моделот на Jeep, ја има и техниката, затоа што Mahindra располага со лиценца за истата, единствено се разликува во маската. Тоа значи дека повеќе нема пречки за новата верзија на Roxor да стартува со продажба во Северна Америка.
>>> Mahindra бара нов сопственик за проблематичниот SsangYong
















