Групацијата BMW ќе го прикажува својот нов технолошки знаменосец iX во зимската сезона 2020/21 во рамките на светските купови во биатлон, боб, скелетон и санкање.
BMW го означи почетокот на новата ера на мобилноста со претставувањето на техно-кросоверот iX. Електричниот автомобил воведува нов пристап во електромобилноста, меѓу другото и со користење на комплетно нови технологии. Кросоверот моментно е во завршната фаза од развојот и ќе започне со продажба кон крајот на следната година.
Љубителите на зимските спортови во следните месеци ќе можат одблизу да го запознаат новиот технолошки знаменосец на Минхен. Под мотото „Born Electric“, BMW iX ќе се најде во средиштето на ангажманот на марката како спонзор на зимските спортови.
Групацијата BMW повеќе години е партнер на светскиот куп во биатлон BMW IBU, исто како и на светските купови во боб и скелетон BMW IBSF и на светскиот куп во санкање. Во рамките на овој ангажман, групацијата BMW ќе го прикажува iX на стадионите за биатлон и на патеките со мраз под мотото „Born Electric“.
Големата европска турнеја во биатлон ќе се одржува во контиолахти, Хохфилцен, Оберхов и Антхолц, со врв на сезоната во словенската Покљука, за потоа финалето да следи во Ново Место и Осло.
>>> Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

















