Mercedes вложува 350 мио. € во новиот електричен Sprinter

Mercedes вложува 350 мио. € во новиот електричен Sprinter

Mercedes ја подготвува сцената за следната генерација на eSprinter. Моделот ќе се продава и на големите пазари во САД и Канада. Во платформата за електричното доставно возило се вложуваат 350 милиони евра.

Огранокот за лесни доставни возила Mercedes-Benz Vans продолжува да воведува електрични модели. Тоа што клиентите го добиваат од погонот на струја во својата секојдневна работа се издржливост, квалитет и TCO (Total Cost of Ownership). За овие предности да се зајакнат уште повеќе, Mercedes вложува во т.н. Electric Versatility Platform. Таа ќе биде основа за следната генерација на eSprinter. Клучни елементи во новиот концепт се три модули, што даваат поголема слобода при развојот и изведувањето најразлични надградби на возилото, кои досега беа достапни само кај Sprinter со обичен погон.

Mercedes-Benz ги цени еколошките и економските предности на вановите со погон на струја и ќе нуди електричен погон во своите транспортери во сите сегменти. За да постигне лидерска позиција во електричниот погон, Mercedes вложува 350 милиони евра во новата Electric Versatility Platform. Таа ќе овозможи и изведби на доставните возила што се посебни за пазарите во САД и Канада.

https://photos.app.goo.gl/pcw8phtPLy1ad7Wy6

Со удел на електричниот погон од повеќе од 30% во својата продажба во сегментот на средни и големи ванови, Mercedes моментно е водечки производител во Европа. По eVito и eSprinter, од огранокот на Mercedes во иднина ќе се нуди и електричен eCitan, кој наскоро пристига во нова генерација.

Освен во Европа, Mercedes-Benz Vans во иднина ќе го зајакнува своето присуство и во регионот на НАФТА, како и во Азија, со нагласок на Кина.

>>> Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Претходна објаваKia Sorento безбеден за пет ѕвезди според Euro NCAP
Следна објаваSuzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here