Во центарот на германскиот град Франкфурт од јануари ќе бидат дозволени само 40 километри на час. Воведувањето на оваа мерка има за цел да се избегне забрана за сообраќај.
Германскиот град Франкфурт на Мајна од 1-ви јануари 2021 година ќе ја ограничи брзината на сообраќајот во центарот на 40 километри на час. Градските сообраќајни стратези ценат дека на овој начин може да се избегне воведување построга мерка, а тоа е забрана за сообраќај. Сојузната покраина Хесен издаде одобрение, коешто е неопходно за брзинското ограничување.
Управниот суд во Касел уште лани во декември донесе одлука, Градот да ја провери делотворноста на забраната за сообраќај во помали зони од градот или на одредени делници, со цел да се намали емисијата на азотни оксиди.
Во последниот период беше измерена намалена загаденост, а како причина затоа се навеедува намалениот сообраќај поради корона. Граничната вредност на загаденоста со азотни оклсиди изнесува 40 микрограми како годишен просек. Во минатите месеци, вредноста на загаденостса со штетниот гас беше малку повисока од 30 микрограми. Во случај да се пречекори границата и годишнито просек да се искачи на 41 микрограми на метар кубен, Градот сепак ќе размислува да воведе забрана за сообраќај во најпогодените подрачја од Центарот.
Моментните вредности на главните загадувачки супстанци во Франкфурт и во Скопје
(според aqicn.org)
|
Франкфурт на Мајна |
Скопје (Лисиче) |
|
|
PM2,5 AQI |
73 |
– |
|
PM10 AQI |
26 |
183 |
|
O3 AQI |
2 |
4 |
|
NO2 AQI |
15 |
23 |
















