Mitsubishi Eclipse Cross со хибриден погон пристига во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross со хибриден погон пристига во Европа

Mitsubishi Motors најави пристигање на новиот Eclipse Cross со приклучен хибриден погон на европскиот пазар. Оригинално конципираниот СУВ-модел, заедно со новата погонска опција доби и неколку измени во изгледот, со коишто повеќе се нагласува карактерот на спортско купе.

Mitsubishi ја проширува понудата од модели со приклучен хибриден погон и најавува старт на продажбата на новото моделско годиште на Eclipse Cross со овој вид погон во почетокот на следната година.

Јапонскиот производител веќе е пазарен лидер во сегментот на возила со приклучен хибриден погон во Европа, со Outlander PHEV. Големиот крстосувач сега добива засилување во својот настап пред европските купувачи, со додавањето на опцијата за приклучен хибриден погон во спортскиот СУВ-модел Eclipse Cross.

Покрај електричниот погон што овозможува педесетина километри возење чисто на струја, пред активирањето на 2,4-литарскиот бензинец, Eclipse Cross PHEV располага и со напреден погон на сите тркала Super-All Wheel Control (S-AWC). Mitsubishi има изградено големо име на пазарот на теренски возила и бројни купувачи се решаваат за марката, меѓу другото и поради способниот погон на сите тркала.

Од почетокот на продажбата на моделот во 2017 година, на европскиот пазар досега се пласирани 66.390 примероци од Eclipse Cross.

>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Претходна објаваПред 55 години Toyota го претстави првиот јапонски суперавтомобил
Следна објаваПрвпат повеќе електрични и хибридни возила од дизели во европската продажба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here