De Tomaso стана американска марка

De Tomaso стана американска марка

Во последното тромесечје во 2022 година, од другата страна на големата бара се планира да стартува изработката на P72.

Новиот модел на легендарната италијанска марка беше претставен лани и за две години ќе почне да се изработува рачно во САД. Компанијата се решила за ваков чекор поради историската врска со американскиот пазар. Моделите на De Tomaso, имено, од 1959 година користеа мотори од Ford.

Во новиот модел P72 ќе работи 5,0-литарски V8 со механички компресор. За моќноста да се зголеми на повеќе од 700 КС ќе се погрижи американска тјунерска работилница.

Правата да располага со марката De Tomaso во 2014 година ги откупи Норман Чои, сопственик на Ideal Team Ventures. По пет години, компанијата го претстави P72, со ретро стил, по повод 60-годишнината на марката.

https://photos.app.goo.gl/ry8rkwypYcouPeUr6

Како основа за новиот модел на De Tomaso служи монокок школката на Apollo Intensa Emozione, автомобил што го произведува посестринската компанија Apollo Automobil. Планирано е моделот да се изработи во само 72 примероци.

>>> Враќањето на Bugatti пред враќањето на Bugatti: EB 110

 

Претходна објаваGreat Wall отвори четврта голема фабрика во Кина
Следна објаваОсум од десет Европејци сакаат брз пробив на електричниот погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here