Mercedes-AMG продава аеро-шампионски багажник за покрив

Mercedes-AMG конструираше аеро-шампионски багажник за покрив

Во некои ситуации ниту најголемиот багажник не е доволно голем. На патување или на семеен викенд обично се покажуваат границите на багажниот простор. Багажник на покривот не е најспортски детал кај марка од рангот на Mercedes-AMG. Но, не значи дека возачите на брзата марка мораат да се откажуваат од багаж.

Ексклузивната марка од Афалтербах има решение за возачите што досега не ни помислуваа да постават багажник на покривот. Mercedes-AMG нуди багажник каков што досега не постоел. Покрај тоа што се внимавало посебно на естетиката, голем нагласок е поставен на аеродинамичноста.

„Делфинот“ на MercedesAMG ги поседува истите својства како и автомобилите на марката, односно се одликува со инженерска вештина, ефикасност, ексклузивност и дизајн. Вообичаено за марката со ѕвезда, багажникот мина обемно тестирање и нуди врвни вредности во поглед на аеродинамичноста, возните својства и бучавата.

Стилот на багажникот се совпаѓа со секој модел на Mercedes. Посебен детал што укажува на AMG-потеклото е дифузорот што е изведен во завршетокот на багажникот. Секако дека тој има функција, конкретно ја подобрува аеродинамичноста и ги спречува шумовите. Постои втора верзија, наменета за купе-моделите на Mercedes. Разликата е во формата на дифузорот.

Зафатнината изнесува 410 литри, се отвора од двете страни, а носивоста изнесува до 70 килограми.

https://photos.app.goo.gl/hSmrL72wwm6MCRqV6

Технички податоци:

Димензии: 220 x 85 x 44 cm (Д x Ш x В)

Зафатнина: 410 литри

Носивост: max. 70 kg (доколку дозволува носивоста на покривот на моделот)

Сопствена тежина: 26 kg

Монтажа: Брзи затегнувачи

Отворање: Двострано

Почеток на продажба: Ноември 2020

Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG наскоро во производство

 

Претходна објаваBMW X2 за луѓе на кои избор на боја на каросерија не им е доволен
Следна објаваVolvo во септември ја зголемил продажбата за 5 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here