Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар

Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар
Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар

Автомобил може да се купи, може да се отплаќа на кредит или лизинг, а како најново, може и да се користи со месечна претплата. Постапката е едноставна и најмногу ги привлекува возачите што не сакаат да се грижат премногу околу автомобилот. Во месечната претплта е вклучено сé, освен горивото. Тоа значи дека корисникот не мора да плаќа осигурување, даноци и редовно сервисирање. Аплицирањето е едноставно и се завршува комплетно онлајн.

Месечната претплата на автомобил во основа е иста како претплата за телефон или телевизија. Корисникот плаќа месечна претплата во којашто се вклучени сите трошоци, дури и техничкиот преглед, замената на потрошните делови и замената на гумите. Единствено мора да се посегне по сопственикот паричник за полнење гориво (или струја) и за миење на возилото.

За разлика од лизингот и други форми на финансирање, во кои возилото се отплаќа неколку години, договорот за користење тука се потпишува за времетраење меѓу еден месец и шест месеци. Месечната претплата за автомобил од класата на VW Polo, во Германија чини околу 200 евра. Колку е поскапо возилото, толку расте и претплатата. Може да се склучи договор и за Mercedes S-Class, за којашто корисникот ќе плаќа 1.350 евра месечно. Ограничување е тоа што не може да се избира дополнителна опрема или одредена погонска конфигурација, затоа што возилата ѝ се веќе испорачани на компанијата што ги нуди, односно се избира меѓу возила на лагер.

Лизингот обично е достапен по пониска месечна рата, но во цената не се вклучени сите услуги, како во месечната претплата за автомобил. Веќе постои голема конкуренција и во бизнисот учествуваат големи имиња со глобално присуство, исто како и мали компании, кои се надеваат дека ќе ја искористат шансата. Умешноста е во договарањето посебни поволности на компанијата со осигурителите, сервисерите и слично, со цел да се обезбедат пониски цени. Тоа, пак, понатаму овозможува одредена компанија да понуди и пониска цена на месечна претплата во споредба со конкуренцијата.

Секако дека постојат и одредени ограничувања, на пример, не смее да се извози повеќе од договорената километража, но такви ограничувања постојат и кај лизингот. Од друга страна, не постои друга можност да се менува автомобил на секои шест месеци – во тој случај, месечната претплата е дури и најповолна понуда.

Возење Porsche со месечна претплата, без договори, само гориво

Porsche на три часови „рента“ стана мошне популарна услуга

Претходна објаваAudi: Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели
Следна објаваЕлектричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here