Извозот на германската индустрија на најниско ниво досега

Mercedes-AMG фабрика на годината
Mercedes-AMG фабрика на годината

Според истражувањата на институтот Ифо, извозот што очекува да го постигне германската индустрија е на најниско ниво во историјата. Кризата не го влошува бизнисот само на една индустриска гранка.

Германските извозници се песимистички во поглед на извозот што очекуваат да го постигнат, како последица од корона-кризата. До таков заклучок дојде институтот Ифо од Минхен. Пазарните аналитичари добија вредност -50 за индексот за очекуван извоз, наспроти -19 во еден месец претходно. Тоа е најголем пад во очекувањата од извозот и најниска вредност што досега ја има пресметано институтот.

Анализата за очекуваниот извоз се базира врз околу 2.300 месечни пријави од компаниите во земјата. Кризата особено ги погодува клучните германски гранки. Меѓу нив, секако спаѓа автомобилската индустрија, машиноградбата и електротехниката.

Хемиската индустрија исто така очекува значителен пад во извозот, додека единствената бранша што и натаму бележи стабилен бизниз со извозните пазари е фармацијата.

Волфсбург работи, се врати најголемата фабрика во светот

Волфсбург работи, се врати најголемата фабрика во светот

Претходна објаваМало „е“ со голем ефект: Плагин-хибрид во Audi A6 Avant
Следна објаваКупето од серијата 2 на BMW без џиновски бубрези

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here