за

Купето од серијата 2 на BMW без џиновски бубрези

Купето од серијата 2 на BMW без џиновски бубрези
Купето од серијата 2 на BMW без џиновски бубрези

На инстаграм се појавија фотографии од купето од серијата 2 на BMW. Традиционалистите ќе се израдуваат за тоа што новиот модел се откажува од големите бубрези, како што беше случај кај неколкуте последни моделски серии на баварците.

BMW ја подготвува премиерата на новото купе од серијата 2 за в година. На инстаграм се појавија неколку шпионски фотографии, на кои се гледа малку, но доволно да се усреќат традиционалистите на германската марка. Место џиновски бубрези како кај X7 и кај лимузината од серијата 7, напред се забележува дека традиционалниот заштитен знак на BMW е пропорционален со останатите елементи на носот на возилото.

Фотографиите се направени во товарен лифт, а тие неколку моменти „на само“ биле доволни да се откријат носот и опашот, за нивниот изглед да се покаже пред светот порано отколку што би сакал BMW.

На платформата за влечење пред возилото се гледа натпис EK-240. Во интерната комуникација на баварската марка, буквите EK означуваат „Entwicklung Karosserie“, односно развој на каросерија. Се претпоставува дека станува збор за дизајнерски прототип. На шефовите обично им се прикажуваат до три различни дизајни, од кои потоа се избира верзијата што ќе влезе во сериско производство. Од тој аспект, постои шанса дека оваа верзија од фотографиите моќеби нема да мине пред топ-менаџментот. Но, од друга страна, на фотографијата се забележува дека возилото има регистерска ознака, што е необично за прототипите. Во тој случај е можно дека станува збор токму за сериската верзија на купето од серијата 2, што BMW ќе ја пушти в година.

Дизајнерите на BMW прават одделните каросериски изведби да имаат „сопствени“ детали

Поконкретни заклучоци може да се донесат околу моторот во „уловеното“ купе. Напред се гледа логотo на M GmbH, додека назад малку се наѕира ознаката M240i. Уште една отстапка од неколкуте последни дизајни се задните светла. Додека купе-лимузината Gran Coupe од серијата 2 и купето од серијата 8 имаат долги и тенки задни светла, кај новата верзија со две врати од серијата 2 се забележуваат повисоки светла што малку навлегуваат во задниот капак.

Уште една работа што ги радува традиционалистите е позната однапред. Наспроти купе-лимузината, којашто вози со преден погон и платформа од серијата 1, купето ќе има заден погон и верзии со шестцилиндарски мотори.

Го прочитавте нашиот Тест: BMW 118i M Sport

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG фабрика на годината

Извозот на германската индустрија на најниско ниво досега

Land Rover „спадна“ на три цилиндри

Land Rover „спадна“ на три цилиндри