Путин ќе ѝ помогне на руската автомобилска индустрија

Путин ќе ѝ помогне на руската автомобилска индустрија
Путин ќе ѝ помогне на руската автомобилска индустрија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ѝ обезбеди помош на автомобилската индустрија во земјата за време на кризата. Меѓу предвидените мерки спаѓаат попусти за нови возила и предвремени набавки на возила за јавните институции и за компаниите.

Рускиот претседател Владимир Путин најави финансиска помош за автомобилската индустрија којашто е погодена од кризата. „Кога тоа ќе го дозволи безбедносната ситуација, компаниите што продаваат автомобили ќе бидат меѓу првите што повторно ќе отворат“, најави шефот во Кремљ во видеоконференцијата со шефовите на најголемите производители на автомобили во земјата.

Продажбата е опадната значително поради пандемијата, но државата би можела да обезбеди, на пример, пет милијарди рубљи (околу 62 милиони евра) за купување на возила за брзата помош. Корона-кризата го погодува рускиот пазар на автомобоили во многу поголема мера, отколку светската финансиска криза во 2008 година, наведува Путин. За разлика од тогаш „кога кризата ни долета од странство, сега пандемијата го ограничува бизнисот во границите на нашата држава.“

Руската автомобилска индустрија вработува околу 300.000 лица, на кои сега им се заканува губење на работните места

Продажбата во неколку региони во април се намалила и до 95 проценти во споредба со истиот месец лани, открива Сергеј Когонин, директор на најголемиот руски производител на камиони Kamaz. Петнаесет проценти акции во компанијата што делумно е во државна сопственост поседува и германскиот производител на камиони Daimler Truck. Речиси сиот извоз е запрен.

Путин најави дека ќе го поттикне рускиот автомобилски пазар преку субвенции во висина од 10 проценти при купување нов автомобил. Државните компании уште годинава ќе мораат да ги извршат набавките на возила што биле планирани за подоцна. Субвенциите секако ќе важат само за нови автомобили од руско производство.

Kia Rio или најпродаваниот автомобил во Русија, што не е Lada

 

Претходна објаваИталија ќе субвенционира купување велосипеди и тротинети
Следна објаваMercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here