Ford ја предупреди берзата дека очекува за првите три месеци од годинава да пријави загуба од две милијарди долари.
Вториот по големина производител на автомобили во САД, Ford, бележи огромни загуби како последица од кризата од корона. Во соопштението испратено до надзорот на американската берза, Ford очекува во првиот квартал од годинава да регистрира загуба во висина од 2,0 милијарди долари или околу 1,8 милијарда евра.
Во истиот период лани, американскиот концерн сé уште постигнуваше заработка, којашто конкретно изнесуваше 2,4 милијарди долари.
Ford ќе го објави деталниот извештај за кварталот на 28-ми април, кога точно ќе се знае колкава загуба претрпела компанијата во првите три месеци, како и последиците од тоа врз вредноста на акциите.
Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E
















